Косовец „летал“ со 207 километри на час на автопатот Тетово-Скопје

0
149

Вчеравечер од 20 до 22 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар“.

„При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра“, рече портпаролот на СВР Тетово.