Курто Дудуш и Али Ахмети денес ќе потпишат коалициски договор за престојните избори

0
99

Али Ахмети и Курто Дудуш денес ќе потпишат коалициски договор за престојните претседателски и парламентарни избори.

Како што информираат од Демократската унија за интеграции, денес со почеток во 15:00 часот во Мевце Палас Ресторан, прес-конференција ќе одржи Али Ахмети, по повод потпишувањето на коалицискиот договор со Унија на Ромите на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

За коалицијата наречена Европски фронт предводена од Али Ахмети со потпис по Скендер Реџепи-Зејди се обврзаа и Мендух Тачи од ДПА, Аријанит Хоџа од Европска демократска партија, партијата Народно движење и Демократска партија на Турците.

Ахмети рече дека очекува голема победа, која ја оцени како најголема кај Албанците во Македонија.