Таравари: На Села ќе му го дадам печатот и логото само да не оди во коалиција со ДУИ

0
123

Арбен Таравари кој денеска го презентираше вториот дел од претседателскиот кабинет ги повика Зијадин Села и неговите приврзаници да им ги потпише листите на пратеници за кои како што рече ќе им го даде и печатот и логото на Алијансата за Албанците, само да не завршат во коалиција со ДУИ.

„Ние отиднавме на различни страни со Села оти тој мислеше дека сами требаше да одиме на овие избори, јас мислев дека треба да направиме коалиција и да донесеме промена во албанскиот блок и сега знам дека денеска дефинитивно ќе имаат собрание во кое што ќе одлучат да одат со ДУИ. Но пред да се одржи тоа Собрание, уште еднаш им апелирам ако е пречка печатот на партијата слободно јас им го давам и логото и печатот нека излезат сами на избори, барем да имаат политичка конзистенција“, рече претседателскиот кандидат од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари.

Тој кажа дека и претходно со негови истомисленици имале сомнеж дека одредени функционери на Алијансата за Албанците се приближувале до ДУИ.

„После овие избори ако тие влезат во коалиција со ДУИ, мислам на приврзаниците на Села, тоа ќе биде една партија, тие сите ќе завршат во ДУИ. Уште еднаш им апелирам нека ги донесат листите ќе ги потпишам и логото ќе им го дадам“, додаде Таравари.

Тој кажа дека се уште има опструкции во тетовскиот основен суд во однос на регистрирањето на Алијансата на Албанците за која двете крила поднесе барање тврдејќи дека им припаѓа нив.