Момче и девојка скокнале од зграда во Нови Сад: „Лежеа заедно во локва крв“

0
182

Млад маж и девојка, кои се уште не се идентификувани, синоќа заедно скокнале од 17-ти кат од зграда во Нови Сад.

Сомнежите се дека двајца млади луѓе околу 22 часот се качиле на врвот на објектот и заедно скокнале во смрт, а жителите на зградите велат дека сите се многу потресени.

– Настана гужва и лифтот не работеше околу половина час во тој период. Не знаевме што се случува, но набрзо сфативме кога ја слушнавме ротацијата на полицијата и брзата помош. Еден од соседите во дворот, од другата страна на зградата, ги видел телата на младиот човек и девојката, а кога се смирил по шокот повикал полиција – вели еден од станарите на зградата и додава:

– Се собравме сите. Сцената беше грозоморна, лежеа еден до друг во локва крв… Полицијата го обезбеди делот од дворот каде што паднаа. Најверојатно не се од нашата зграда бидејќи да беа немаше да ја скршат целата стаклена врата за да стигнат до покривот бидејќи станарите имаат клуч.

Телата на младиот човек и девојката се испратени во Институтот за судска медицина, каде ќе се врши обдукција.

A1on.mk