Ново апсење за убиството на матичниот лекар во Железара

0
494

Уште едно лице е уапсено во врска со убиството на матичниот лекар во Железара, со што вкупниот број на уапсени за кои постои сомневање дека се поврзани со овој случај се искачи на тројца. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека истрагата за убиството со нож продолжува.

Тошковски вчера соопшти дека биле преземени 20 истражни дејствија, проверени над 50 камери, според кои, како што рече, било утврдено дека мотивот за убиството не е поврзан со лекарската професија на убиениот. На 21 март вечерта матичниот лекар бил пронајден во неговиот автомобил со 9 убодни рани по телото. Го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат бидејќи нивниот татко не се вратил дома во предвиденото време.