Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

0
109
Dw.com
Dw.com

Над 20 лица се повредени во автобуска несреќа во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Возилото кое превезувало околу 60 патници, меѓу кои имало и ученици коишто се враќале од патување во Англија, излетало од патот и се превртело кај Верл. Возачот наводно не е повреден. Причината за несреќата сѐ уште се утврдува, а според првичните сознанија, во неа не учествувале други возила.

Ова е втора автобуска несреќа во последната недела. Пред само два дена се преврте автобус со 54 патници на пат од Берлин кон Цирих. Загинаа четири жени, а 35 лица беа повредени. Според досегашните сознанија, и во оваа несреќа не учествувале други возила. Против возачот на автобусот е покрената истрага поради сомневање за убиство од небрежност и нанесување телесни повреди од небрежност.