Тешко повредена малолетничка која била прегазена во Тетово

0
115

Малолетничка е тешко повредена откако вчера била прегазена во Тетово.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила околу 14 часот на улицата „173“ во Тетово. Малолетното девојче била прегазена од „фолсваген голф“ кој го управувал 20-годишно момче од тетовското село Новаке.

Девојчето со тешки повреди била пренесена во Клиничката болница Тетово.