УЖАС: ЖИТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ПУКАЛ ВО СОПРУГАТА, А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ

0
273

На наплатната рампа кај Прешево вечерва се случил обид за убиство и самоубиство. Според првите сознанија на српски Телеграф македонски државјанин прво со огнено оружје ранил жена, а потоа се застрелал.

Македонскиот државјанин им подлегнал на повредите, а жената е пренесена во локалната болница во Врање.

На пукањето, според очевидци, и претходела расправија.