Oпштина Тетово нема возило за чистење на улици кои одвреме навреме ги мијат тетовските пожарникари

0
126

Кал и прашина по тетовските улици е вообичаена слика во секое тетовско мало.Фотографиите подолу доволно говорат каква е хигиената во градот.

Градоначалникот Билал Касами се оправда дека општината нема возило со цистерна за миење на улиците, но веќе е во процедура да набави.

„Во ситуцијата во која се наоѓаме противпожарната единица, прави миење на улиците по некоја програма, но исто така сме во фаза на нов камион-цистерна за чистење на улици и во договор со ЈКП има програма секој ден во текот на неделата да се исчистат улиците и еднаш барем неделно секоја улица во градот да биде измиена. Во тој дел се работи и се надеваме дека што побргу ќе добиеме тој камион и ќе имаме редовно миење на улиците. Сега работиме само интервентно со механизацијата која ја има во ТППЕ“ рече Касами.

За најавените инфраструктурни проекти во делот на пробивање на булеварот Благоја Тоска и реконструкција на улицата Борис Кидрич, Касами прстот го впери во инвеститорот.

Даден е налог за работа за Благоја Тоска се слушнав со одговорниот, ако овие денови не почнат со работи за реализација на тој проект сигурно ќе ги тераме сите законски процедури против изведувачот на работите. Имаме договор, има динамика за реализација на работите согласно која не повеќе од три месеци треба да се реализира тој булевар. Надзорот се активира во насока на преземање на мерки и акти за заштита на јавниот интерес, во случајот ако не се работи согласно договорот и определената динамикаа и за Борис Кидрич, Благоја тоска и делот кај ОУ „Ќиќиш“ , за сите три склучен е договор, даден е налог за работа, и работиме во делот на тоа ако изведувачите не ги реализираат своите обврски да се следи процедурата, рече Касами.

Тој најави и тендер за избор на фирма која ќе се грижи за кучињата скитници кои се се во поголем број во градот.