Ванковска: Настапувам со оригинална платформа која ја нема ниту еден кандидат

0
96

Настапувам со оригинална платформа која ја нема ниту еден кандидат, барем не сите прашања на едно место, рече претседателскиот кандидат на Левица Билјана Ванковска која денеска имаше средби со прилепчани во центарот на градот. Ванковска ги кажа своите ставови за клучните прашања – се залага за нов устав, поништување на Договорот со Бугарија, ревидирање на Преспанскиот договор, излегување од НАТО и водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија.