Ванковска ќе ги раскинува договорите со Бугарија и Грција

0
107

Настапувам со оригинална платформа која ја нема ниту еден кандидат, истакна денеска на средба со граѓани во Прилеп кандидатката за претседател Билјана Ванковска. Таа ветува дека ќе води надворешна политика, чиј примарен фокус ќе биде економскиот интерес на Македонија. Ванковска додаде дека како претседател ќе го раскине Договорот за добрососедство со Бугарија, а ќе го оспори и Преспанскиот договор со Грција.

„Настапуваме, не со прашање дали Бугарите во Устав или не, туку со сосема нов Устав, бидејќи овој практично продуцира еден нефункционален политички и уставно-правен систем… Раскинување на Договорот со Бугарија, тука нема дилема, тоа е најлесната формално-правна задача што може еден претседател да ја направи. Преспанскиот договор исто така ќе биде предмет на преобмислување, односно оспорување, во периодот што следува“, рече Ванковска кандидат за претседател.