Во Клиничката болница Тетово недостасуваат 400 здравствени работнци, тврди Независниот медицински синдикат

0
81
smart

Здравствените работници од Клиничката болница Тетово претпладнево околу половина час организираа мирен протест во кругот на здравствената установа.

Побараа подобро платени здравствени работници, современи апарати, како и неселективно вработување. Како најголем проблем го посочија недостигот на кадар.

„Нашата болница има вработени кои се недоволни според препораките на СЗО. Ние имаме 470 кревети и тука треба да има по три здравствени работници на еден кревет. Но, кај нас систематизација се прави по желботека и нас ни недостасуваат над 400 здравствени работници, за да се изврши квалитетна здравствена заштита. Тука се вработуваат со договор на дело, а се вработуваат и без систематизација. Треба да се провери каков кадар недостасува во болницата има план проект за тоа, но кај нас нема такво нешто, а сето тоа има негативна референца од друга страна. Нашите барања се општи, да се има неселективни вработувања, да има усогласување на плата, зголемување на коефицент, бенефициран стаж, да се следи состојбата зошто толку заминуваат здравствените работници во странство и тоа да се спречи“, рече Ариф Ибраими од Независниот медицински синдикат