Почина жената што минатиот месец кај Прешево ја застрела тетовец, кој потоа се самоуби

0
202

Во Клиничкиот центар во Ниш почина триесетгодишната жена од Велик Дренова кај Трстеник, Србија, која на 7 март кај наплатната рампа Прешево во Србија ја застрела 52-годишен Албанец од Тетово, а потоа самиот си пукаше во главата.

Жената од Велик Дренова кај Трстеник, Србија, откако беше ранета во близина на наплатната рампа Прешево во Србија, беше пренесена во Клиничкиот центар во Ниш

Таму по хируршки зафати беше хоспитализирана на Клиниката за анестезија, каде им подлегнала на повредите.