Во Тетово се фактурираат комунални сметки за починати лица

0
134

Продолжива хаосот со комуналните сметки откако словенечката компанија започна да ги фактурира комуналиите за тетовските семејства.

Жител на тетовско Сараќино кој сакаше да остане анонимен, вели дека за домот каде што живее добил две сметки, една на негово име, а друга на неговиот татко кој починал во 2015 година.

„Во мојот дом пристигнаа две комунални сметки, една на мое име и една на име на мојот тако кој почина пред речиси десет години. Се работи за сметка за ист имот, имот кој додека беше жив мојот такот ми го препиша“, вели жител на тетовско Сараќино.

Друг граѓанин пак се пожали дека треба да плати сметка за вода, како да има во својот стан олимписки базен.

„Ми дошла сметка да платам за 30 кубика вода, тоа е еден олимписки базен а живеам во зграда, толку вода не може да се потроши. Друг проблем е тоа што градот не се чисти, има депонии уште околу контејнерите, ние плаќаме, а не добиваме услуга. Тоа е неподносливо, а замислите кога ќе дојде лето,. Во градот во минатото имаше чистење на улици, а сега е депонија“, вели еден тетовец.

„Оваа методолиија на пресметки на сметка по метар квадратен не е реална, квадратите не прават смет туку прават луѓето. Јас и мојата сопруга треба да платиме 2400 денари. Оваа методологија по метар квадратен не е во ред“, додава друг жител на Тетово.

Проблемите наведени во текстот лично ги слушна и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами кој денеска оствари средба со незадоволните граѓани.

Најави дека проблемите етапно се решаваат.

„Ова ќе биде една од низите на средби со граѓаните во делот на решавање на проблемите, ние воспоставивме нов систем во делот на комуналите услуги. Ние ја сменивме методологијата по метар квадратен, но тоа не сме го измислиле ние, туку таква пракса е и во други градови. Ние сме на пат на решавање на проблемите со комуналните сметки, сме во контакт со словенечката коммпанија. Од понеделник во Општина Тетово ќе има шалтер каде граѓаните ќе можат да се обратат. Додека не се инсталираат сите водомери, граѓаните ќе плаќаат минимум сметка за вода, за селата ќе се плаќа исто минимум фиксна фактура за смет од 340 денари, а за вода не треба да плаќаат. Затоа секоја недела ќе се слушаат поплаките на граѓаните. Но треба да се плаќаат фактурите, оти исто така денеска бевме сведоци кога вработени на ЈКП Тетово беа кај нас да ги споделат и своите маки, а тоа е дека им доцнат плати, а тоа е така оти не се плаќаат редовно комуналиите“, рече градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Откако словенечката компанија го презеде менаџирањето со сметот во Тетово, а општината одлучи сметките за вода, ѓубрарина и подигање и транспортирање на отпадот да го наплатуваат странците, пред ЈКП Тетово еден куп револтирани граѓаните.

Пред еден месец со презентација на камиони за собирање на отпад и нови контејнери на градскиот плоштад во Тетово, општината го промовираше почетокот на јавното-приватно партнерство со словенечката компанија Заубермахер, со која пред неколку месеци потпиша договор за собирање и транспортирање на комуналниот смет во Тетово.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами тогаш рече дека сите вработени во ЈКП Тетово кои биле ангажирани во Секторот „Комунална хигиена“ ќе ги презеде словенечката компанија, а сметот ќе се собира во сите села и населени места во рамките на Општина Тетово.

Но состојбата е сосема друга. Тетовските комуналци се уште не земаат редовно плата, градот е валкан и згора на се, се појавија нови проблеми ,како повисоки комунални сметки кои пристигаат за штали, подруми и гаражи.

Извор СП