Советничка група на СДСМ: Касами нема да пропушти и на промоцијата на проектот за реновирање на градскиот стадион да му даде етничка димензија

0
472

Како советници на СДСМ во Советот на Општина Тетово реагираме на поканата на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами по повод промоцијата на проектот за реновирање на градскиот стадион, велат од советничката група на СДСМ во советот на Општина Тетово.

“Градоначалникот и овој пат не пропушти на настанот да му се даде етничка димензија најавувајќи дека на настанот ќе се слуша како што е наведено албанска музика.Користењето на општите ресурси во предизборието граѓаните знаат да го препознаат.Сакаме да му порачаме на Касами да не заборава дека Тетово е мултиетничка средина.Граѓаните не се наивни и повеќе не веруваат на оваа расипничка коалиција Беса, ДПМНЕ Алтернатива, се вели во реакцијата на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Тетово.