Во Тетово синоќа се пукало од украдено возило кое подоцна е пронајдено на патот Тетово-Попова Шапка

0
74

Синоќа во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска“ во Тетово.

Повредени како што и претпладнево објави полицијата нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата.

„Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“ било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Тетово.