Универзална сала не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

0
44

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект којшто во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите рекоа дека ќе има вештачење и ќе мора да се испита последната конструкција – новата.

„Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција, тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали егзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното , нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција. Позицијата која е руинирана, која се запали е позиција за која има распишано јавна набавка. Колку време ќе трае тоа, не зависи од нас, МВР се уште прави увид , сигурно ќе има вештачење од обвинителството или некои засегнати страни. Тоa е процес и на крајот ќе треба испитување на целиот материјал, односно на критичниот материјал кој беше најизложен на огнот, рече еден од надзорниците.

Лазар Арсовски, сопственик на компанијата која ја вршеше реконструкцијата на Универзалната сала рече дека изгорени се елементи кои што треба да бидат дислоцирани од тој објект