Детали за убиството на двегодишната Данка, ja усмртиле, па ја фрлиле на депонија

0
462

Потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) имаше трагичен крај. Утринава се уапсени две лица осомничени дека го убиле девојчето, а потоа и го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор, објави АТВ.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“, С.Ј.(50) од селото Лука и Д.Д.(50) од селото Злот.

„С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „фиат панда“ на улица „Радомир Патник“ удрил во пешак, двегодишно девојче, при што ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пат“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот“, вели извор близок до истрага.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција од Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13.52 часот, односно само седум минути откако девојчето исчезнало.

„С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото удрил во девојчето и ја убил“, вели извор од истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.