Српски „Информер“: Двајцата осомничени биле пијани, еден од нив ја задавил Данка

0
619

Еден од убијците на малата Данка Илиќ (2) наводно планирал да го ископа телото на девојчето од депонијата и да го пренесе на својот имот.

Двајцата беа пијани. Тие се исплашиле бидејќи под дејство на алкохол возеле службено возило. Девојчето било живо кога го удриле. Еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце ја задавил Данка Илиќ. Таа лежеше на патот и плачеше, а тој ја удави, ја стави во багажникот и потоа ја фрлија во депонија – пишува српски „Информер“.

Но, тоа не е се, бидејќи еден од нив кога видел дека полицијата е на нозе и дека цела Србија ја бара убиената Данка, имал намера да го пренесе телото.

– Еден од нив рече дека ќе го ископа телото на Данка и ќе го сокрие во неговото село, кое се наоѓа на 36 километри од Бор. Дека телото ќе го закопа до шталата, до ѓубривото. Тие правеа заговор да си ги покријат трагите. Како работници во комуналното претпријатие, тие не биле сомнителни. Тренирани кучиња ја пребарале локацијата, но девојчето го немало. Се претпоставува дека се уште е на депонијата, потрагата по неа се уште трае – пишува „Информер“.