Драма на небото над Италија: Пилотот веднаш се вратил назад на аеродромот, но било предоцна

0
1000

Имено, неколку минути по полетувањето од Торино, во авионот починал 33-годишен патник, пренесува Билд.

Според информациите од аеродромот, пилотот веднаш го вратил авионот назад, но за жал за несреќниот човек било доцна.Првично немало информации за точната причина за смртта.

Авионот бил на пат од Торино кон градот Ламесија Терме во јужна Италија.

Како што пренесува „Кориере дела сера“, патникот, кој патувал со сопругата, се пожалил на мачнина по качувањето. Потоа изгубил свест.

Според тој извештај, пилотот веднаш го свртел авионот и слетал на истиот аеродром по 36 минути.Екипажот за итна помош можеле само да потврдат дека патникот починал.

Сопругата на несреќниот маж е пренесена во болница.Според извештаите, двајцата се венчале минатата година.