Еден од осомничените за смртта на Данка го признал убиството, вториот се бранел со молчење

0
350

Осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) синоќа биле сослушани во обвинителството, а во таа прилика еден од осомничените го признал делото, додека другиот се бранел молчење, дознава Телеграф.рс.

„Осомничените беа сослушани во обвинителството, при што Д.Д. целосно го призна извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење“, информираат од Обвинителството.

Да потсетиме, на предлог на обвинителството, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Заечар на осомничените им одреди мерка притвор до 30 дена.

Притвор им е одреден поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на траги од извршување на кривично дело, како и поради вознемирување на јавноста.