Експлозија и пожар во ноќен клуб во Истанбул, загинати најмалку 15 лица

0
121

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко.

Инцидентот се случил околу 13 часот во округот Есентепе.

Според агенцијата Анадолија, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката, клубот во овој период бил затворен за посетители поради реновирање и настраданите главно биле работници кои работеле на реновирање на објектот.

Луѓето останаа заробени во зградата бидејќи пожарот и густиот чад бргу се проширија во ноќниот клуб и станбената зграда.

Изразувам сочувство до сите. Работата за идентификација продолжува. Причината за пожарот не е позната. Станува збор за простор што се користи како дискотека под зградата. Се реновирал во моментот на пожарот. Наши полициски, здравствени и противпожарни екипи беа на самото место од првиот момент. Овој ноќен клуб има лиценца, која е добиена во 1987 година, а потоа обновена во 2018 година, изјави гувернерот Давут Ѓул.