Жител на Врапчиште запалил викендица во гостиварско Пожаране

0
77

Вчера во 10.40 часот во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(45) од гостиварско Врапчиште. Тој се сомничи дека претходниот ден во периодот од 19.00 до 19.30 часот во гостиварско Пожаране предизвикал пожар во викенд куќа, сопственост на А.Ќ.(73) од Тетово.

Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.