Убијците на Данка смислиле план за совршено злосторство, но заборавиле на еден детал

0
494

Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) од околината на Бор, кои се осомничени дека ја убиле Данка Илиќ , а потоа се обиделе да и го сoкријат телото мислеле дека имаат совршен план, не земајќи предвид дека и делото и криењето на телото се извршени во службеното возило на „Водовод“, во кое е вграден ГПС уред, објавуваат српските медиуми.

Работниците се осомничени дека сториле кривично дело тешко убиство, на штета на двегодишната Данка Илиќ.

Наместо да го однесат детето во најблиската здравствена установа или да се јават во итната помош и полиција, тие смислиле план да го сокријат телото на девојчето и да молчат за делото. Според полициската реконструкција на настанот, тие со автомобил се упатиле до ѓубриштето на Старобањски пут, каде што го фрлиле телото на девојчето.

Потоа се вратиле во фирмата и го оставиле возилото.

За нивната ладнокрвност говори и тоа што С.Ј на покана на неговиот директор отишол во Бањско поле да го бара девојчето, свесен дека ладнокрвно ја убил.

„ Тој ден отстранивме камери од приватни куќи на 10 локации.Чекавме една бидејќи сопственичката е во Америка, да го земеме клучот, а таа ни помогна најмногу“, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации во истрагата двегодишната Данка Илиќ (2) била се уште жива откако двајцата работници ја удриле со автомобил.