Ковачевски: Членството во ЕУ – единствена шанса за позитивна промена – преговорите не се лесни

0
127

Не е лесно да се преговара со ЕУ во моменти кога атмосферата е тензична, објаснува првиот човек на СДСМ Ковачевски. Според него, ЕУ и членството во ЕУ се единствена шанса за позитивна промена кај нас.

„За ваквите чекори потребна е храброст и одлучност. Преговорите не беа лесни бидејќи кога јас дојдов на чело на владата атмосферата беше тензична. Кога разговарате за вакви тешки теми треба да бидете подготвен, треба знаење, чувството е како некој со нож да ве сече но треба да се носат одлуки, со неносење одлуки државата одтанува во статус кво. Патот кон ЕУ го почнавме со Хрватска, Хрватска се европеизираше е еве денес ние каде сме?“ прашува Ковачевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој е убеден дека може да се излобира за подобри услови за преговори, врз база на реални вредности, почитувајќи ги Копенхашките критериуми му возврати на Ковачевски – бил загрижен кога слушал дека токму неговиот опонент одлучувал за иднината на неговите деца.

„Јас сум сега уште позагрижен кога слушам дека ковачевски одлучувал за иднината ина моите деца. Јас очекував да слушнам нешто друго. Мала корекција ние процесот гопочнавме и пред Хрватска но поради вакви политичари сме таму каде што сме. Без да обезбедите консензус и без да го прашате народот да донесете такви одлуки е катастрофално и капитулантски. Јас се понудив да помогнам“, рече Мицкоски.

Мицкоски не е загрижен туку неодлучен а тое не е лидерска карактеристика – оцени Ковачевски. Според него, Мицкоски не може да носи промени ако е неодлучен.

„Ние и денеска не знаеме кој е ставот на Мицкоски за Преспанскиот договор. Ние добивме многу јасна преговарачка рамка, обезбеден македонски јазик потпишавме договори намакедонски јазик вклучително и договорот на Фронтекс што не беше замисливо во минатото. Затоа велам дека во СДСМ има политичари кои што имаат храброст да донесат одлуки за безбедна и подобра иднина, Европска иднина“, рече Ковачевски.