Изгоре викендичка во Тетово, огнот го зафати и соседниот објект

0
3829

Синоќа во полицијата било пријавено дека во селото Пожаране настанал пожар каде целосно изгорела викендица сопственост на В.К.(74) од Тетово.

Од огнот била зафатена и соседната викендица, сопственост на А.К.(74) од Тетово.

Повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид, објави МВР.