Папата Франциско по убиството на седумте хуманитарни работници: Тажен сум

0
107

Папата Франциско денеска ја изрази својата длабока тага по убиството на седумте хуманитарни работници во израелскиот напад врз Газа и повторно повика на прекин на огнот и ослободување на заложниците киднапирани од палестинската група Хамас.

“Се молам за нив и нивните семејства. Го повторувам мојот повик за исцрпеното и напатено цивилно население да добие пристап до хуманитарна помош и заложниците веднаш да бидат ослободени“, рече папата на крајот од целонеделната општа аудиенција во Ватикан.