Пожарот над шарпланинското село Селце се смирува, но нови пламени јазици ја голтаат шумата во атарот на Ѓермо

0
48

Пожарот над шарпланинското село Селце е стигнат до разеленетата вегетација и ливади и истиот се смирува, информираат за „Слободен печат“ од Националниот парк Шар Планина. Но, пламените јазици го зафатија сооседниот рид на Шара, атарот на село Ѓермо.

За жал ситуацијата од Селце во текот на вчерашниот ден е префрлена и во атарот на село Ѓермо. Пожарот го премина работ на планината и се префрли на таа страна. За жал се случува слична ситуација со брзо горење на многу сува вегетација, така што веќе се гледа дека има многу краци и различно прогресира на различни места во зависност од вегетацијата. Во тој дел покрај букова шума има и леска што очекуваме поради грмушестиот облик да развива голема температура и да биде тешко да му се пристапи. Покрај овој имаме и други два пожари на Шара и екипите веќе се на терен“, информираа од Националниот пакр Шар Планина.