СВР Тетово најави санкции за општините Гостивар и Тетово ако нe ја заменат оштетената сообраќајна сигнализација

0
102

Во текот на изминатиот месец оваа година, полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар во содејство со инспектор – раководител на Одделение за сообраќајни работи во општина Гостивар извршиле теренски извидувања на пофрекфентните улици и сообраќајници, како и приградските населби во градовите Тетово и Гостивар, при што се утврдени и фотодокументирани сите недостатоци и оштетувања на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, како што се сообраќајните знаци, обележувањата на пешачките премини и полните и прекинатите линии, состојбата на светлосните сообраќајни знаци.

„За констатираната состојба е сочинет записник и до надлежните институции за одржување во двете локални самоуправи се доставени известувања и побарано е во најбрз можен период да се отстранат сите недостатоци за да се овозможи нормален и проточен сообраќај и безбедно движење на возилата и пешаците, во спротивно ќе бидат изготвени соодветни законски поднесоци“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.