Таравари: Здружението на академици Албанци за наука и уметност да стане академија или да биде дел од МАНУ

0
49

Кандидатот за претседател од здружената албанска опозиција Вреди, Арбен Таравари по посетата на Здружението на академици Албанци за наука и уметност во Тетово, вели дека како иден претседател ќе се залага ова здружение да се институционализира, да стане академија или да биде дел од МАНУ.

Според таравари, во тоа нема ништо проблематично, туку напротив што повеќе академии ќе претставуваат богатство во Македонија, а сето тоа ќе придонесе да имаме равој на науката во земјава.

– Тетовскиот универзитет пред 25 години беше утопија, но сега е реалност. Јас се надевам дека како здружена албанска опозиција ќе најдеме начин ова Здружение да го институционализираме и да стане или институт или академија за науки и уметности на Албанците во Македонија или да изнајдеме решение да биде како сектор во актулената Академија на науки и уметности во Македонија, но за сите опции ќе се разговара и се надевам дека ќе најдеме решение да се институционализира како што треба, рече Таравари.

На прашањето на „Слободен печат“ дали ваквата „идна академија“ за која ќе се залага здружената албанска опозиција да се институционализира ќе значи паралелизам и поделба и во така поделеното македонско општество, Таравари со одговор дека тоа ќе значи богатство за државата.

– И за Здружението на лекари Албанци во Македонија кога господинот Агим Рамадани го основаше се мислеше дека тоа е паралелизам, но сега е тоа реалност. И со Тетовскиот универзитет се велеше дека не ни требаат многу универзитетит и сега во Македонија има три албански универзитети и таму учат и Македонци и Албанци и Турци. Академиите се богатство за државата, не се паралелизам. Таму не се прави политика туку има проекти кои се за науката, а нам ни треба повеќе наука, рече Таравари.

Претседателот на Здруженитое на академици Албанци за наука и уметност, универзитетскиот професор Хасан Јашари вели дека сакале и во неколку наврати побарале да бидат дел од МАНУ, но биле одбиени. Сега ќе се залагаат да делуваат како посебна јавна инстутија, но и нема да се откажат од идејата да функционираат и како сектор на МАНУ.

– Ние, како регистирано здружение на академоци Албанци сме луѓе кои се школувале и работеле тука. Не сме политичка организација, ние се занимавме со наука и уметност и сакаме да имаме јавни овластувања како јавна институција во сферата на албанологијата, културата и посебностите на Албанците кои се загарантирани со амандманот 11 од Уставот. Бараме јавни финансии. Јас сум конкурирал два пати во МАНУ, но таму сме биле одбивани поради технички работи. Мислам дека во понатамошните контакти со владата и со парламентот треба да најдеме решение да имаме јавни овластувања, а отворени сме да бидеме дел од МАНУ. Значи како неполитичка организација ние бараме јавен простор за научно истражувачки работи, рече Јашари.

Инаку, Здружението на академици Албанци за наука и уметност е основано и регистрирано пред две години.