Пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа во Тетово, било украдено од сопственикот под закана со пиштол

0
1834

Возилото марка „фолксваген поло“ било пронајдено речиси три часа по пукањето на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка
Тетовската полиција преку соопштение информира дека возилото, кое било користено при синоќешното пукање на булеварот „Илинден“ во Тетово, било пронајдено доцна синоќа на патот Тетово-Попова Шапка. Возилото „фолксваген поло“ било украдено под закана со огнено оружје околу петнаесетина минути пред да биде пријавено пукањето во семејната куќа на булеварот.

„Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки, било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22:30 часот со закана со огнено оружје возилото било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“.