Уапсени се 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник

0
64

7 лица припадници на затворската полиција се уапсени во голема акција која утрово се одвивала во затворите.

Како што информираат од Обвинителството сите приведени се изведени пред надлежен судија.

Акцијата следи откако минатата недела во затворот „Идризово“ беше изведен голем претрес при што беа запленети повеќе забранети предмети.

Според информациите, осомничени припадници на затворската полицијата се веќе спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот за „360 степени“ потврдија дека се донесени повеќе лица, околу 17, но повеќе детали засега не соопштуваат.

Оттаму велат дека во зависност од предлогот на надлежен јавен обвинител, во текот на денот судија на претходна постапка ќе одлучува какви мерки ќе им бидат определени на осомничените.