За Подобро Тетово: Општината ги дели жителите на граѓани-селани, богати-сиромашни и исселеници-староседелци

0
108

Продолжува дискриминацијата и рекетирањето на тетовци со апсурдните суми на фактурите за смет издадени од словенечката компанија Саубермахер.На последната вонредна седница во Советот на општина Тетово, наместо да се исправи грешката со високите цени што ги фактурираше Саубермахер, средбата отиде во друга насока на апсурдност, информираа денеска на пресс конференција од Невладината „За Подобро Тетово“

„Не знаејќи како да се справат со хаотичната состојба што самите ја создадоа, раководството на општината донесе скандалозна одлука со која ги дели и дискриминира жителите на Тетово. Општината ги подели жителите на граѓани-селани, богати-сиромашни и иселеници-староседалци. Според новиот договор, сметките за градот ќе се наплаќаат по м2, додека за селата ќе важи паушал. Граѓаните кои ќе се соочат со високи сметки ќе треба да се сретнат со градоначалникот на општината и тој од добра волја за да помогне ќе ги отстрани пресметаните квадрати за подруми, скалила, балкони и тавани.За жал, советот на Општина Тетово се претвори во циркус во кој нелогични одлуки ги погодуваат граѓаните. Додека политичките партии се борат за политички поени пред избори, никој не е заинтересиран да ги штити интересите на граѓаните.На градоначалникот на општината и на советниците мора да им биде јасно дека одлуките на општинскиот Совет мора да бидат исти за сите жители на општина Тетово и не може да се прави разлика меѓу нив. Секој обид за одвојување и одлуки со двојни стандарди за жителите е чиста дискриминација, велат од Невладината „ За Подобор Тетово“.

Новите сметки дополнително ќе ја влошат економската состојба на граѓаните кои се уште се соочени со високите цени на струјата и секојдневните трошоци. Сега веќе е јасно дека раководството на Општината ја изгубило врската со реалноста и не е способна да се справи со конкретниот проблем.

„Бидејќи на седницата на Советот беше наведено дека повторно ќе се свика вонредна седница и ќе продолжи расправата за утврдување на цената за градот, апелираме до жителите на град Тетово да се спротистават на оваа дискриминација и изнуда од страна на општината, а да не станат жртва на неодговорноста на Општината“, додаваат од невладината.

Тие Пресс-конференцијата ја оддржаа пред една мини дива депонија покрај шеталиштетто на реката Пена, симболично да укажат на лошата состојба со хигиената во градот.