Јакимовски за своите политички опоненти: Најважно им е да земаат пари за да се рекламираат како да се некои порно ѕвезди

0
131

Претседателскиот кандидат од ГРОМ Стевчо Јакимовски изборната кампања ја започна од Тетово, каде со неговиот коалиционен партнер за парламентарните избори Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР, оствари средба со жителите од тетовската населба Поток.

Најголемиот проблем е во државата е исселувањето, но сега младите не заминуваат од своите родни огништа поради социјални проблеми, туку поради неправдите во државата, посочи Јакимовски.

„Поразговаравме за нивните секојдневни проблеми, најголем проблем е што нивните деца се селат надвор од државата, а тоа е така оти државата не е средена, не е толку сиромаштијата отколку лошиот правен систем. Тоа е една уште голема потврда дека имаме една сериозна причина да разговараме како ќе ја развиваме државата. Јас сум запрепастен како е можно кандидатите за претседатели да немаат ниту една дебата, а имаме претседателски кандидати кои предлагаат промена на устав, имаме претседатели кои предлагаат бришење на Македонците и правење на граѓански устав, рече Јакимовски.

Тој додаде тој како претседателски кандидат се чуствува дискриминаран оти некои други кандидати зеле 9 пати повеќе пари од ДИК за платено политичко рекламирање.

„Очигледно дека тие што земале по 975 илјади евра за рекламирање дека тоа им е доволно и мислат дека така ќе обезбедат предност. Јас ќе им порачам, парите се најмалку важни. Милијарди да истурат, народот знае кој се бори за државата. Со самиот факт дека бегаат од дебати, тоа покажува дека има што да скријат од народот, а ако имаме дебати ние тоа се ќе го разоткриеме. За локални избори имаше дебати, а за важни прашања за претседателски избори каде ќе се разговара за Генерал штаб, за монетарна политика, за безбедност, да нема за тоа дебатаи, ова е срам за демократија. Кога го потпишавме Кодексот тука пишуваше да нема дискриминација како да нема дискриминација кога тие земаат милион за кампања , а ние 100 000 евра, значи врти- сучи, за нив се најважни парите. Најважно им е да земаат пари за да се рекламираат како да се некои порно ѕвезди или пејачки, а не претседателски кандидати каде народот треба да слушне кои се нивните размислувања за устави промени и за Бугари во устав, околу дијаспората и слично,“ рече Јакимовски.