28 млади лекари добиваат решенија за работа во Тетово

0
165

28 специјализанти добија решенија за работа во Тетовската болница. Ним им ги доделија министерот за здравство Азир Алиу и директорот на болницата Шкелзен Елезии. Министерот рече дека ова е првата фаза од доделувањето на решенијата.

„Им посакувам овие млади лекари да го дадат максимумот за да напредуваат и да нè направат горди како општество. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме и со вториот дел од конкурсот, затоа што според европските стандарди, сè уште ни требаат лекари“, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

„Најголемиот недостаток во Клиничката болница во Тетово го имаме на Инфективното одделение, на Хематологија, на Рендгенологија, и верувам дека со овој и следниот конкурс ќе се пополнат и тие работни места“, вели Шкелзен Елези, директор на тетовската болница.