ПОВИСОКАТА МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗАВИСИ ОД ВЛАДАТА, ВЕЛАТ РАБОТОДАВАЧИТЕ

0
373

Можно е да се постигне и поголема минимална плата од 450 евра ако Владата помогне преку социјалните придонеси, велат работодавачите. Тие денеска, пред седницата на Економско-социјалниот совет, изјавија дека секое покачување што ќе го издвојат во износ од 1 000 до 9 000 денари треба да биде помогнато во рок од една година од Владата преку социјалните придонеси, а понатаму, со зајакнување на економијата, да има шанси да се исплаќа од нивна страна во целост.

Минималната плата не е точка од дневниот ред на седницата на ЕСС, но, како што нагласија претставниците од Сојузот на синдикатите (ССМ) и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), ќе се бара отворање и на ова прашање.