ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО КИСЕЛА ВОДА, ИМА ПОВРЕДЕНИ

0
356

Голем пожар избувна доцна синоќа во стан во Кисела Вода, во близина на општинските бараки. Според првичните информации, полесно се повредени тројца станари, но и еден пожарникар. Им била укажана лекарска помош. Еден стан е целосно изгорен. Неколку пак се зафатени од огнената стихија, оставајќи дел од жителите без покрив над главата

Повеќе противпожарни екипи веднаш интервенирале и успеале да го локализираат пожарот и да спречат поголема катастрофа. Помош имало и од екипи на МВР, во обезбедување на областа и во евакуацијата на станарите, кои беа згрижени во просториите на општина.

На самото место беше и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој изјави дека општината ќе помогне со сите расположливи ресурси за да се надмине ситуацијата.