Млад маж, син на Назми Сулејмани Аруша, поранешен командант на ОНА, кој е починат, е повредениот во престрелката што се случи попладнево позади полициската станица Бит-пазар среде бел ден, дознава неофицијално „Слободен печат“.
Според официјалните информации на МВР, престрелката се случила околу 14 часот помеѓу две групи од по пет до шест луѓе.
Едно лице е повредено и пренесено во Ургентниот центар.
На местото на престрелката имаше паднат мотор, а на снимка во која имаше увид „Слободен печат“ се гледа повредениот како лежи, на местото на настанот има полиција, а луѓето околу него бараат помош.









