Над 32 000 семејства користат социјална помош, а има 18 000 слободни работни места

0
212

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека голем број работни места и понатаму остануваат празни, вели заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во неделното интервју за Радио Сободна Европа.

Велковски на оваа тема говори во контекст на прашањат за доцнењето на исплатите на социјална помош, дефицититот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и мерките за потикнување на младите за влез на пазарот на труд и отворање сопствени бизниси.

Според заменик-министерот сите статистики со кои располагаат покажуваат дека во Македонија сè уште има доволен број луѓе што можат да бидат вработени, но потребно е, како што додава, репрограмирање на системот во државата за да се пополнат испразнетите работни места кои, вели, ги има околу 18 000.

Ќе дадам еден пример – во системот на социјална заштита денес имаме 32 000 семејства што користат гарантирана минимална помош. Семејства во кои имаме баба, дедо, татко, мајка, ќерка, син, кои во најголем дел се полнолетни и работоспособни како граѓани. Потенцијал има, но да го репрограмираме буквално системот во државата. Не може само Министерството за социјална политика да делува и да прави активни мерки.

Потребен е заеднички ангажман на целата држава и другите министерства кои треба заеднички да направат оваа потреба на работна сила која годинава, според податоците, има околу 18 000 испразнети работни места и тој јаз може да се надомести и од други ресурси што со години биле оставени надвор од пазарот на труд“,вели Велковски.