Против две лица од Скопје и Неготино, од кои едниот вработен во МВР, поднесена е кривична пријава.
Полицијата јави дека при извршен претрес во викенд-куќа, во сопственост на второпријавениот, полициските службеници пронашле рачна шок-бомба и 62 маневарски куршума во калибар 7,62×39 мм за кои тој изјавил дека му биле оставени на чување од првопријавениот.
По преземените мерки, било утврдено дека првопријавениот, вработен во МВР како ракувач со материјални средства и опрема, противправно ги присвоил горенаведените предмети.