Од денеска нема производство во најпознатиот волнарски комбинат АД „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, познат како „Тетекс“. По последната работна единица од поранешниот гигант, фабриката „Конфекција“ го прекина работењето.
Предвидени се седум лични доходи за оние работници кои имаат над 25 години работен стаж, а останатите соодветено на должината на стажот. Оние кои се пред пензија ќе бидат 18 месеци под Заводот за вработување, а другите ќе бидат до една година, додаде Радовски.