Битолчанец доброволец за тестирање на вакцина против Ковид- 19 во Англија

0
102

Како што објави британската влада, утре почнуваат испитувањата врз луѓе на вакцина против коронавирусот.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок рече дека вакцината ја развиле научници од Универзитетот Оксфорд , и дека таа има 80 проценти за успех. За ова истражување ќе бидат издвоени 20 милиони фунти. Тим од Институтот Џенер на Оксфорд започнува со производство на вакцината пред тестирањето да биде завршено за да се обезбеди доза од 1 милион вакцини до септември.

Хенкок истакнал дека развивањето на вакцината „е несигурна наука“ , но дека два тима постигнале „брз напредок“ и дека тимовите целосно ќе бидат подржани од Владата.

Во меѓувреме и веста дека битолчанец кој живее во Велика Британија се пријавил и тој да биде дел од лицата врз кои ќе се тестира оваа вакцина.

Се работи за Борко Андреевски, битолчанец кој веќе 20 години живее таму.

Во разговорот со него тој вели дека се пријавил за ова тестирање, но првично му е земена крв за анализа и направен здравствен преглед, а допрва ќе се знае дали и тој ќе биде дел од оние врз кои ќе се прави тестот за вакцината.