Рекорден број на починати во Русија , во Индија се зголеми бројот на заболени по олеснетите мерки

0
138

Русија денеска забележа рекордно зголемување на смртните случаи, а Индија најголем број нови случаи откако започна да ги олеснува мерките.

Во Русија, бројот на починати денеска се зголеми за 232, што е рекорден дневен број на смртни случаи, откако бројот со денови не надминува 200, а властите започнаа да размислуваат за олеснување на воведените мерки, што и штетат на економијата.

Москва, каде што се половината од заразените со коронавирус во Русија, најави дека продавниците за непрехранбени производи ќе се отворат во понеделник и на жителите ќе им биде дозволено да шетаат во одредени периоди од денот.

Со 387.000 заразени, Русија е трета најпогодена земја по Соединетите држави и Бразил, според универзитетот Џонс Хопкинс.

Индија, од друга страна, бележи пораст на нови случаи откако земјата започна со олеснување на мерките. 7466 од нив биле заразени во последните 24 часа, а 175 заразени починале, што е вкупно 4797 смртни случаи, а во однос на вкупниот број на смртни случаи, Индија ја прегази соседна Кина.

И покрај порастот на заразата, Индија ги олеснува мерките и го воспоставува воздушниот сообраќај.