Во последното деноноќие полицијата регистрирала 805 прекршоци за неносење маска, соопшти МВР.
Исто така, полицајците евидентирале и дека 4 лица не ја почитувале мерката за изолација, а исто толку и за самоизолација.
Во текот на изминатото деноноќие на 213 лица се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.