Управниот суд одби 40 од поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и една тужба поднесена од ИНТЕГРА, и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија. Од Управен суд велат во тек на денешниот ден се поднесени 101 тужба од Левица.
Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори. Крајниот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.