Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која синоќа околу 21 часот се случила во Нова Градишка, Хрватска.
Како што може да се забележи на фотографиите кои ги објавија хрватските медиуми, автомобилот влетал во куќа.
-Во Полициската станица Нова Градишка околу 21 часот примена е дојава за сообраќајна несреќа во која загина едно лице, велат од полицијата.
Како што јавува Индекс, загинал 40-годишен возач.
Автомобилот го пробил ѕидот и завршил во внатрешноста на куќата. За среќа во куќата немало никој за време на несреќата.