Се судрија камион и автомобил во скопско: Млада девојка повредена однесена во болница

0
100

Млада девојка се здобила со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа која се случила вчера во 07:00 часот на локалниот пат село Кадино – село Миладиновци, скопско.

Како што информира МВР, несреќата се случила помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Љ.А. од село Марино, скопско и товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Ќ.К. од Куманово. Во незгодата Љ.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.