Се прават последните подготовки за започнување на процесот на имунизација во земјава. Но, не треба да се применува сложен протокол со вакцините од типот Фајзер до моментот на инјектирање дози во човечкото тело. Во Агенцијата за лекови, специјализиран тим работи на сите технички детали за упатството за лекарите кои даваат вакцини. Директорот на оваа институција рече дека треба да се внимава при вакцинацијата.
„Работиме на комплетирање на документацијата, проверка на сертификатите, налепниците што ќе бидат залепени на вакцините и на упатството, како што е за секој лек што доаѓа во земјава, така ќе се направи и за вакцините. Во моментов, колегите работат на завршување на овие постапки, ќе имаме посебен водич за здравствените работници затоа што тие ќе треба да ги применуваат вакцините на пациентите“, вели Лирим Шабани, директор на Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“.
„Вакцинацијата ќе се спроведе на пет позиции за вакцинација, каде што ќе има медицински сестри и лекари во тимовите за имунизација. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8:00 до 20:00 часот“, наведуваат од Министерството за здравство.
Вчера пристигнаа 4.680 дози и истите се резервирани за медицинскиот персонал, а во наредните 21 ден ќе се добијат вторите дози на Фајзер од Србија. Досега над 46 илјади граѓани доброволно се пријавиле на он-лајн платформата „Вакцинација.мк“. Според националниот план, во утврдување на терминот за вакцинација ќе бидат вклучени и матичните лекари.
Алсатм