Зголемување на бројот на сообраќајки во кои учествуваат пешаци и велосипедисти, бележи статистиката на СВР Тетово. За изминативе 5 месеци во тетовско двајца пешаци ги загубија животите. Немањето на соодветна инфраструктура за движење на оваа категорија на учесници во сообраќајот е главниот проблем.
Велосипедистите во Тетово низ сообраќајниот хаос изложени се на постојано опасност, без доволни патеки, а тие кои што се обележани се узурпирани од паркирани возила и контејнери.
Велосипедот би требало да биде најчесто превозно средство, релациите се кратки, градот е рамен, но ретко кој се одлучува да вози поради немањето соодветни услови.
-Каде и да одиме, со друштвото мора да поминеме низ Тетово е тогаш е многу опасно, се има на велосипедската патека, зборам за таа на булеварот Илинденска која се обележа неодамна. И не само возила и контејнери, некогаш наидуваме и на маси и столици поставени на самaта патека како и палети, продукти и пакети од самите маркети, невидена работа. Мора да се внимава да гледаш постојано лево и десно, не е безбедно, општината и полицијата треба да обрне повеќе внимание на оваа категорија учесници во сообраќајот, да има безбедни патеки, но и повеќе патеки. Тетово како град, како местоположба е одличен за возење велосипед не е територијално голем, но е и рамен, вели Роберт Крстевски велисипедист од Тетово
Небезбедни се чуствуваат и пешаците, кои поради узурпираните тротоари од паркирани возила, мора да одат пеш и по коловозите.
Небезбедната инфраструктура носи последици. За само 5 месеци имаме 27 повредени пешаци од кои двајца починале. Од полицијата велат дека нема соодветни услови за оваа категорија на учесници во сообраќајкот, а дел од нив и не се дисциплинирани.
СВР Тетово започна со превентивен проект, поголема безбедност на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите кој во себе содржи превентивни едукативни средби со овие учесници во сообраќајот под мотото – Само искуството е знаење, се друго е информација и едукација“.
Од Општина Тетово пак со уште една најава за ослободување на велосипедските патеки и тротоари, како и изградба на нови.