Катастрофа во Германија – Се бројат жртвите, досега најмалку 90 загинати во поплавите, ситуацијата останува драматична

0
26
По катастрофалните поплави во западна Германија, бројот на жртвите порасна на најмалку 90, преку илјада лица се сметаат за исчезнати. Владата вети помош за настраданите подрачја.

Прекините на електричната енергија и на телефонските линии и натаму го отежнуваат поточниот преглед на ситуацијата во покраините Севера Рајна Вествалија и Рајнланд-Пфалц, кои се најсилно погодени. Опасност освен тоа се заканува најмногу од претекување на акумулациите и попуштање на браните во регионот.

„Ситуацијата останува драматична“, истакна покраинската премиерка на Рајнланд-Пфалц, Малу Драјер во Триер.

Бројот на жртви расте, само во покраината Рајнланд-Пфалц досега загинаа преку 50 луѓе.Спасувањето на луѓето од нивните куќи и станови е тешко, зашто некаде воопшто не постои пристап. „Ситуацијата не е подобрена, ова е огромен предизвик за нашите спасувачки екипи кои работат нон-стоп“, изјави Драјер.

Weltspiegel | Hagen, Deutschland | Unwetter in Nordrhein-Westfalen

Невремето остави пустош во Хаген

Од полноќ претекува акумулацијата Рур, која е изградена на реката Рур во регионот на Ахен и Дирен. Со тоа се заканува поплавување на градовите Дирен и Јилих. Се прават напори за подобрување на ситуацијата со ограничување на притоките кон акумулацијата. Слично алармантна е ситуацијата и кај акумулацијата Штајнбах кај Ојскирхен.